Ќе настане пекол доколку тие се обединат: Ал Каеда и ИСИС преговараат за сојуз

Поврзани вести

Исламската држава се отцепи од Ал Каеда во 2014-та година, но двете организации водеа жестока, огорчена битка за регрути, финансии и улогата на лидер на глобалниот џихад.

Ирачкиот заменик-претседател, Ајад Алави, изјави дека исламската земја е во преговори со Ал Каеда за можна алијанса, во време кога ирачките сили им се приближуваат на борците на Исламската држава во Мосул, пренесуваат Reuters.

Се тврди дека Алави изјавил дека оваа информација ја добил денес од ирачките и регионалните контакти кои се запознаени со ситуацијата во Ирак.

Разговорите сега се во тек. Дијалогот се води помеѓу гласникот кој го претставува лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал Багдади и тој кој го претставува лидерот на Ал Каеда – Ајман ал Завахири.

Исламската држава се отцепи од Ал Каеда во 2014-та година. Се наведува дека Завахири јавно ја критикувал Исламската држава поради нивните брутални методи, кои вклучуваа обезглавување, давење и горење.

Според ирачкиот заменик-претседател, не е јасно на кој начин Исламската држава и Ал Каеда би можеле да соработуваат.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top