Кливленд и Сан Антонио поведоа со 2-0 во НБА плеј-офот

plej of

Поврзани вести

Шампионот Кливленд и Сан Антонио ги добија и вторите дуели на домашен терен од првото коло во разигрувањето за титулата во НБА лигата.

Кливленд по втор пат беше подобар од Индијана, овој пат со 117:111. Шампионот во последната четвртина влезе со 18 поени предност што се покажа како недостижно за Индијана која се избори за пристоен пораз.

Ударното трио на Кливленд Ирвинг-Лав-Џонсон постигна 89 поени, додека кај гостите Пол Џорџ со 32 поени беше најефикасниот кошаркар.

На вториот дуел ноќеска Сан Антонио го совлада Мемфис со 96:82.

Плеј-оф во НБА лигата 1.коло:

Исток: Кливленд – Индијана 117:111 (2-0 во победи).

Запад: Сан Антонио – Мемфис 96:82 (2-0).

Серијата трае до четири победи.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top