ВИДЕО: Цел свет му се смее на диктаторот Ким – Кого ќе убиваш со тие картонски ракети?

Severna-koreja-620x350-520x294

Поврзани вести

Според шпекулациите и пишувањата на голем дел од светските медиуми, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на својата воена парада, која се одржа изминатиов викенд, презентирал празни обоени кутии кои сакал да ги прикаже како смртоносно оружје за уништување.

Северна Кореја на парадата по повод Денот на Сонцето, односно 105 роденден на нејзиниот основач Ким Ил Сунг, ги претставила новите оружја, а луѓето ширум светот на големо коментираа и се посомневаа во валидноста на прикажаните ракети. Особено внимание на сите им привлече една ракета чиј врв штрчеше во неправилна положба.

– Дали Северна Кореја мисли дека може да не прелаже со тие лажни ракети на парадата?

– Кого ќе убиваш со тие картонски ракети?, биле само дел од коментарите на Твитер.

Американскиот потпретседател, Мајкл Пенс, периодов ја посетил Јужна Кореја каде за парадата на северниот сосед изјавил дека нема никаква опасност заради „гужвата од дрвени кутии на севернокорејците“.

На споменатата паради странските новинари имале свое лично обезбедување и претставник од владата кој ги прател за тоа што се пренесуваат, јави Дејли Мејл.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top