Победи за Олимпијакос и Реал Мадрид во кошаркарската Евролига

Поврзани вести

Екипите на Олимпијакос и на Реал Мадрид ги остварија првите победи во четвртфиналето од кошаркарската Евролига.

Реал Мадрид беше поуспешен од Дарушафака со 83:75, а најефикасен на натпреварот беше домашниот играч Серхио Љуљ со 23 поени. Решавачката предност Реал ја создаде во втората и третата четвртина (20:13 и 25:16).

Олимпијакос на домашен терен го совлада Анадолу Ефес со 87:72,  пет играчи кај победникот постигнаа двоцифрен број поени.

Утре истите екипи ќе ги играат натпреварите број 2 од четвртфиналето.

Вечерва се играат вторите натпревари од дуелите: ЦСКА Москва – Басконија (1-0 во победи) и Панатинаикос – Фенербахче (0-1).

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top