Далматински деликатеси во „Јавна соба“

Поврзани вести

Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје на 24 април ќе биде претставена далматинската кујна.

„Вкусот на Далмација“ е уште една програмска активност во рамки на програмата „Вкусот на Скопје“ која „Јавна соба“ ја спроведува во соработка со гости готвачи и има за цел да креира вистински вредности во гастрономијата и добро конзумирање храна во Македонија.

Храната ќе ја подготвуваат готвачи од Задар, Игор Чупахин и Марцел Шкарица по традиционални рецепти наследени од нивните мајки и баби, а надградени со сосови и зачини.

Подготвено е типично приморско мени кое е зачинето со континентални намирници за да се избалансираат вкусовите и да се доживее Далмација.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top