Фудбал У-16: Македонија го победи Лихтенштајн

make

Поврзани вести

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години со победа против соодветната селекција на Лихтенштајн го започна развојниот турнир на УЕФА кој се одржува во Скопје.

Младите фудбалери предводени од Горан Станиќ со 2:1 славеа на натпреварот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Агон Елези во 10. минута и Џемал Ибиши во 50. минута беа стрелци на головите за македонската репрезентација. Во втората минута од второто полувреме Лукас Грабер го постигна погодокот за гостинската репрезентација.

Македонија доминираше, посебно во првото полувреме во кое Елези го постигна водечкиот гол. Шанса за удвојување на предноста имаше Кире Трпчевски, но не ја искористи сто процентната шанса.
Во продолжението Лихтенштајн успеа да постигне изедначувачки погодок, но само три минути подоцна избраниците на Станиќ со одличниот гол на Ибиши ја вратија резултатската предност за победа на натпреварот.

Во воведниот дуел од турнирот репрезентацијата на Романија со 1:0 славеше против Израел.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top