Фото: Најмалку 26 средношколци повредени во автбуска несреќа во САД

1111

Поврзани вести

Најмалку 26 ученици од средно училиште и една возрасна личност од Охајо се повредени во автобуска несреќа од соседната сојузна држава Западна Вирџинија, соопшти локалната полиција.

Американскиот весник „Интелиџенсер“ јави дека автобусот, кој превезувал спортисти од средното училиште „Бакеј Локал“ од Рајланд во Охајо, удрил во дрво во четвртокот вечерта по локално време.

Учениците патувале на тренинг по американски фудбал на Универзитетот „Вест Либерти“ во Западна Вирџинија.

Полицијата соопшти дека најверојатно брзото возење имало улога во несреќата.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top