Видео: Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви

italijanec

Поврзани вести

Еден Италијанец реши да ги анимира туристите во Рим, па се соблече гол и скокна во популарната Фонтана ди Треви.

Но, авантурата на Италијанецот заврши по препливувањето на фонтаната, бидејќи веднаш по излегувањето беше пречекан од полицаец и приведен.

Туристите биле шокирани од целата ситуација, а некои дури успеале да го снимат овој несекојдевен настан и записот да го објават на социјалните мрежи.

Иако на снимката се гледа како полицаецот смирено го води „пливачот“, италијанските медиуми подоцна објавија дека момчето се обидело да побега нанесувајќи му повреди на полицаецот.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top