Симптомите на аутизам кај некои деца со текот на времето сосема се губат

autizmi

Поврзани вести

Некои деца кај кои е дијагностициран аутизмот на рана возраст подоцна целосно ги губат симптомите на таа болест, покажува една американска студија, објавена на Универзитетот Конектикат, чии резултати се објавени во „Списанието за детска психологија и психијатрија“.

Разгледани се случаи на 34 лица на кои многу рано им е дијагностициран аутизмот, но кои меѓу 18 и 21 година повеќе не покажувале никаков знак на таа болест.

Кај нив повеќе немало проблеми со говорот, повторување одредени активности, со комуникацијата, препознавање лица и социјална интеракција – што се показатели на аутизмот.

– Иако дијагнозата на аутизам обично со текот на времето не се брише, овие наоди укажуваат дека постои широка лепеза на можни резултати на тоа нарушување, констатира Томас Инсел, директор на Националниот институт за ментално здравје на САД.

И некои претходни истражувања укажуваа дека аутизмот со време може да се надмине, но оваа студија одела подлабоко, проучувајќи дали во дадените случаи првобитната дијагноза била исправна, како и дали испитаниците со време навистина ги достигнале своите врсници во менталниот развој. Одговорот на двете прашања во сите случаи бил позитивен.

Студијата не одговара на прашањето кај кој процент аутистични деца може да се очекува целосно исчезнување на симптомите, но е јасно дека тоа е само мал дел. Меѓутоа, кај значителен процент такви деца може да се оствари голем напредок со примена на интензивна терапија, напоменува тимот од Конектикат, со кој раководеше Дебора Фејн.

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top