ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на денешната координација кај Талат Џафери

talat

Поврзани вести

Република од свои извори дознава дека многу веројатно ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на денешната координaциja кај нелегално избраниот Талат Џафери. За ВМРО-ДПМНЕ тој е само пратеник и е избран во незаконска постапка.

-Тој е во моментов, а веројатно така ќе остане и понатаму, узурпатор на позицијата претседател на Собранието. Тој за нас може да биде само пратеник, така е избран легитимно од граѓаните и ние тоа не го оспоруваме. Но, претседател на Собрание не може да биде наречен затоа што е избран на целосно незаконски, неуставен и неделовнички начин, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Инаку координацијата Џафери ја повика со цел да најде решение за мандатот на локалната власт.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top