Се зголемува притисокот: Аја Софија ќе стане џамија?

gamijaaa

Поврзани вести

Стотици муслимани од една провладина група, со молитва пред Аја Софија во Истанбул, се обидуваат да издејствуваат познатата градба која што денес е музеј, повторно да стане џамија.

ikoni

Слични вакви собири во Истанбул беа забележани и во изминатите неколку години, но ситуацијата значително се има променето денес кога според аналитичарите, Турција е помалку секуларна држава од времето кога модерната турска држава ја формираше Кемал Ататурк, па шансите за претворање на Аја Софија во џамија стануваат поголеми.

Аја Софија или Света Софија е поранешна православна патријаршиска базилика (црква) која подоцна била претворена во џамија, а денес е еден од најпознатите музеи и една од најголемите туристички атракции во Турција и општо во светот.

Аја Софија е ремек дело на византиската архитектура и уметноста воопшто. Била најголема црква на светот речиси илјада години, се додека не била изградена Катедралата во Севиља во 1520-та година.

Од времето на завршувањето на изградбата во 537-ма година, па се до 1453-та година, служела како православна соборна црква и седиште на Вселенскиот патријарх. Потоа, била и католичка црква во периодот од 1204-та до 1261-ва година.

Потоа, од 29-ти мај 1453-та година до 1931-ва година била претворена во џамија, по што потоа била секуларизирана и отворена како музеј на 1-ви февруари 1935-та година по наредба на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Со прекрасната масивна купола, Аја Софија се смета за олицетворение на византиската архитектура и многумина сметаат дека токму оваа градба ја променила историјата на архитектурата. Аја Софија денес претставува еден од најзначајните споменици на светското културно богатство и се наоѓа на листата на УНЕСКО.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top