Кире Лазаров – играч број 1 во мајските квалификации

KIRE LAZAROV

Поврзани вести

Кире Лазаров е најдобар играч во мајските квалификации за ЕП 2018, откако македонскиот капитен освои најмногу гласови од фановите во изборот организиран од страна на европската ракометна федерација.

Признанието се должи на извонредниот настап на десниот бек на двомечот со Исланд, откако Лазаров постигна 11 гола во победата на домашен терен, а потоа беше стрелец и на осум погодоци при минималниот пораз во Рејкјавик.

Македонецот е дел од идеалната постава во квалификациите за 3. и 4. коло, заедно со Омејер (Франција), Генсхајмер (Германија), Сагосен (Норвешка), Борозан (Црна Гора), Солер (Шпанија) и Буриќ (БиХ).

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top