Судир во грчкиот Парламент, исфрлен пратеник на ултрадесничарската Златна зора (видео)

parlamentttt

Поврзани вести

Видниот член на грчката ултрадесничарска партија Златна зора, Илијас Касидијарис, денеска е исфрлен од Парламентот откако турна пратеник од ривалската партија Нова демократија, по што во пленарната сала почнал судир меѓу пратениицте од други партии, пренесуваат француските медиуми.

– Го загадувате овој Парламент. Надвор, викаше вршителот на должноста претседавач со Парламентот,  Макис Балаурас, врз пратениците на Златна зора, по исфрлањето на Касидијарис.

Медиумите наведуваат дека на 37-годишниот Касидијарис му попречило тоа што пратеникот на конзервативната Нова демократија, Никос Дендијас, минал пред него додека зборувал за законот што предвидува нови мерки за штедење.

– Зарем не гледаш дека зборувам?, му кажал пратеникот на Златна зора на колегата Дендијас, по што со другите пратеници од неговата партија ги посипале со вода претставниците на Нова демократија.

На снимката од парламентарната телевизија е прикажан почетокот на судирот, додека неговиот остаток се одвивал надвор од видокругот на камерите.

Извори од Парламентот наведуваат дека Касидијарис го турнал Дендијас, по што парламентарната полиција го отстранила од салата, а Дендијас подоцна судирот го нарекол „голема навреда“ за грчкиот Устав и закони.

„Се надевам дека овој инцидент ќе се покаже како корисен за општеството“, изјави пратеникот на Нова демократија во Парламентот.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top