Шампионот Кливленд со триумф го отвори конференциското финале против Бостон

nba

Поврзани вести

Актуелниот НБА шампион Кливленд со победа го почнаа финалето во Источната конференција. Ноќеска на гостински терен „кавалирс“ го совладаа Бостон на негов терен со 117:104.

Леброн Џејмс со 38 и Кевин Лав со 32 поени беа најзаслужните за триумфот на Кливленд.

Во поразениот тим се истакнаа Ејвери Бредли и Џае Краудер со по 21 поен, како и Акзеа Томас кој стигна до дабл-дабл ефект 17 поени и 10 асистенции.

За Кливленд ова беше деветта победа во плеј-офот, а веќе на следниот дуел закажан ноќта меѓу петок и сабота повторно во Бостон, шампионот може да дојде до биланс 10-0 и да го повтори успехот од минатата сезона.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top