Бесплатен влез за третиот дуел од финалето МЗТ Скопје – Карпош Соколи

mzt skopje

Поврзани вести

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и на Карпош Соколи  утревечер (19 часот) ќе го одиграат третиот натпревар од финалето во плејофот. Со цел максимално да се пополнат трибините во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ со што играчите би добиле дополнителна енергија и сила, МЗТ Скопје донесе одлука влезот за овој дуел да биде бесплатен.

– Управата на клубот реши да ги отвори вратите и да овозможи слободен влез за сите што сакаат да го проследат овој дуел и да им помогнат на своите миленици. Овој потег, воедно е и своевидно извинување за поразот во претходното гостување во Карпош како и за начинот на кој „металците“ одиграа во првите три четвртини од натпреварот, стои на клупската веб страна на македонскиот шампион.

Навивачите и симпатизерите секогаш биле шести играч на МЗТ Скопје Аеродром, поради што избраниците на тренерот Анте Назор ги повикуваат сите оние на кои „сино-белата“ боја им е во срцето да дојдат и да им помогнат во напорите да го совладаат незгодниот противник и да дојдат на само еден чекор до целта која сите заеднички ја посакуваме – шестата шампионска титула во низа, апелираат од „Јане Сандански“.

Моменталниот резултат е 1-1, а финалето се игра до три добиени натпревари.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top