Албанските коалициони партнери на Заев тврдат дека платформата е жива и ќе биде од владината програма

emisijaaa-640x379

Поврзани вести

Коалиционите партнери на Зоран Заев од албанскиот блок и покрај неговите гаранции за добивање на мандатот за формирање на влада, не се откажуваат од Тиранската платформа и своите барања за рефединирање на Република Македонија ги повторуваат.

Дополнително албанската платформа за албанските коалициони партнери на Заев е се уште жива и истата ќе биде дел од новата владина програмата.

Во гостувањето во емисија на Алсат-М од ДУИ, БЕСА и партијата на Зијадин Села велат дека без сомневање тиранската платформа е жива.

-Секако дека е жива, вели Сурија Рашиди, пратеник од Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села.

-Секако дека е, јас ви кажав и претходно Декларацијата е жива и ќе биде дел од програмата на новата Влада, вели пратеникот на ДУИ Реџаил Исмаили .

-Без сомневање да, Декларацијата на албанските партии е жива,Љуљзим Алуи член на раководството на БЕСА.

И првиот човек на Движењето БЕСА, Билал Касами, вчера во дебатна емисија на ТВ 21, изјави дека во ниту еден момент не било прифатено од страна на албанските партии да се воздржат од албанската платформа.

-Тоа што го кажа господинот Заев ние сите го слушнавме и во ниту еден момент не е прифатено барањето на претседателот за отфрлање на декларацијата од страна на албанските партии изготвена и потпишана тука во Скопје. Тоа што се даде како гаранција беше дел од Уставот на Македонија што подразбира дека барањата и платформите на политичките партии кои ќе бидат дел од владината програма ќе се реализираат во рамките на Уставот на Македонија и ќе се бара унапредување на прашањата кои се во врска со меѓуетничките прашања и други орашања за Македонија да биде функционална земја. Во овој правец е и барањето на БЕСА за редефинирање на државата, за Македонија еднаш засекогаш да ги надмине овие проблеми на кои се навраќаме секои 10-15 години, вели Касами.

Иако сите албански партии се децидни дека Тиранската платформа не е спорна и таа ќе биде дел од владината програма, не сите партии од албанскиот блок одлучиле дали ќе бидат дел од владиниот состав.

-Ние немаме донесено конкретна одлука за тоа дали ќе бидеме или не дел од новата влада, вели Сурија Рашиди, пратеник од Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села.

Ваквите изјави дополнително ги потврдуваат пишувањата во медиумите дека владата на Заев како и парламентарното мнозинство со трите пратеници на „Алијанса за Албанците“  ќе зависи од желбите на Зијадин Села.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top