САД наложи санкции за осум членови на Врховниот суд на Венецуела

Venezuelan opposition activists clash with the police during a protest against the government of President Nicolas Maduro on April 6, 2017 in Caracas.
Violence erupted for a third straight day at protests against the government, escalating tension over moves to keep the leftist leader in power. / AFP PHOTO / JUAN BARRETO

Поврзани вести

САД синоќа наложи санкции на осум членови на Врховниот суд на Венецуела, вклучително и неговиот претседател, обвинети за заострување на политичката криза во земјата преку ослабнување на власта во Парламентот.

Санкциите вклучуваат и замрзнување на нивните средства во САД и забрана на бизнис контакти со американски државјани.

Новиот пакет санкции цели кон зајакнување на притисокот врз приврзаниците на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, во одглас на зголемената загриженост на Вашингтон од се побројните улични протести во земјата.

– Венецуелскиот народ страда од распадот на економијата како резултат на лошото управување на Владата и корупцијата. Членовите на Врховниот суд на Венецуела ја влошуваат ситуацијата, бидејќи постојано се мешаат во работата на законодавната власт, што е контролирана од опозицијата, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top