Раст на цената на нафтата на светските берзи

nafta

Поврзани вести

Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа раст, во просек за над половина долар, што според експертите, укажува на стабилизација на глобалните пазари по големиот пад на вредноста на акциите на Њујоршката бреза во средата.

Вредноста на американската „лесна“ нафта денеска во електрноските трансакции пред отворањето на Њујоршката берза се зголеми за 75 центи на 49,72 долари за барел.

На Лондонската берза пак цената на северноморскиот „брент“ за испорака во јули порасна за 65 центи на 52,85 долари за барел.

Во ито време, просечната цена на нафтата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска поскапе за 44 центи достигнувајќи вредност од 49,87 долари за барел.

Во определувањето на вредноста на нафтата на ОПЕК учествуваат цените на енергенсот во Алжир, Ангола, Венецуела, Еквадор, Хабон, Иран, Ирак, Катар, Кувајт, Либија, Нигерија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top