Сликата на Баскијат продадена за рекордни 110,5 милиони долари

slika

Поврзани вести

Сликата „Без наслов“ на авангардниот ументик Жан-Мишел Баскијат е продадена на аукција во „Сотби“ за рекордни 110,5 милиони долари.

Како што соопшти денеска акциската куќа, ова е рекордна цена постигната за една слика на американски уметник.

Во прашање е слика направена во стил на графити, која прикажува лице во форма на череп.

Сликата ја купи јапонскиот милионер и колекционер Јусаку Мезава, после десет минути наддавање.

– Среќен сум што можам да изјавам дека добив ремек дело, напиша Мезава на Инстаграм под фотографијата на која се гледа како стои пред сликата.

„Без наслов“ практично беше непозната слика ди пред неколку недели кога беше прикажана во „Сотби“.

Мезава во мај минатата година купи уште една слика од Баскијат „Без наслов, 1982“ за 57,3 милиони долари.

Баскијат почина на 28-годишна возраст во 1988 година поради предозирање. Тој е роден на 22 декември 1960 година во Бруклин. Неговиот татко Жерард е од Хаити, а мајка му Матилда е родена во Бруклин, но е со поториканско потекло.

Тој зад себе остави околу една илјада слики и две илјади цртежи. За неговиот живот снимени се два филма.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top