Најмалку 47 лица загинаа во денешната песочна бура, пропратена со грмежи и дожд што ги зафати централните и западните делови Индија.

Брзината на ветерот достигна до 50 километри на час. Бурата предизвика разурнување на домови, а ги оштети и далноводите во државите Мадхија Прадеш, Гујарат, Махараштра и Раџастан, која е најпогодена од бурата, при што загинаа 24 луѓе.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди на Твитер изрази сочувство и најави помош за семејствата на жртвите.