Градот Риркаипи во североисточниот дел на Русија деновиве е преполн со гладни поларни мечки поради невообичаеното топло време, објавија повеќе светски медиуми.

Во околината се забележани над 50 мечки. Така е поради тоа што на приморските области, каде што тие грабливци вообичаено ловат, нема доволно ледена покривка.

– Речиси сите мечки се недохранети, вели Татјана Миненко, која е дел од здружението одговорно за спречување блиски средби меѓу овие животни и луѓето.

Како што соопшти организацијата, иако поларните мечки се честа појава во тоа подрачје, ретко се случува во толку голем број да се доближат до населени места.

Областа се соочува со невообичаено топло време од почетокот на декември, се наведува во соопштението.