Албанец произведувал и продавал опојни дроги во Македонија

Поврзани вести

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „ неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против 22-годишниот Д.Б. од Елбасан-Република Албанија.

marihuana kesa

Имено, на 19-ти овој месец, при претрес во куќа на улицата „11 септември“ во Кичево каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени се 40,7 грама наркотична дрога марихуана. Тој неовластено ја набававил со цел за натамошна продажба на наркозависници од Кичево.

Во јакната на осомничениот Д.Б. во кутија за цигари биле пронајдени две мали опаковки со марихуана додека две најлонски опаковки тој сокрил под саксијата за цвеќе во една од собите од куќата каде привремено престојувал.

Одземената марихуана е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top