Анализа на „Призма“: Партиски митинг на СДСМ без шарен шмек, не дојде Скопје, дупките беа очигледни

Поврзани вести

Се чини дека главната разлика помеѓу 17 мај и 8 октомври е во тоа што вчера пред Владата ги немаше оние по малку цинични и недоверливи скопјани, оние коишто обично не одат на митинзи и не сакаат партии, поготово кога тие се на власт, луѓето што на Фејсбук и на Твитер вчера повторно се згрозуваа од сликите на меѓуградски автобуси и на активисти со сендвичи. Веројатно овие луѓе на 17 мај ги пополнуваа дупките во масата кои вчера беа очигледни на потегот од раскрсницата кај Влада до мостот „Гоце Делчев“, се вели во анализата на „Призма“.

Интересно е колку партиите се потпираат на симболиката во политичката борба и понекогаш таа опседнатост со пораките меѓу редови се граничи со суеверие. Ако традиционално ВМРО-ДПМНЕ три децении изборите ги почнува во Охрид, централните собири на СДСМ по сѐ изгледа и во иднина ќе ги следиме во Скопје на улицата веднаш пред барокната Влада.

За да го сфатиме охридското суеверие на ВМРО-ДМНЕ ќе треба да се вратиме 27 години во минатото, меѓутоа за „животните“ финалиња на „Илинденска“ бр.2 не треба да се копа длабоко во колективната меморија.

Симболиката е јасна ко сончев ден по дожд, каков што беше вчерашниот, и партијата ја црпи од 17 мај 2015, Шарената револуција и од последниот митинг на ланските избори кои, нели, ѝ донесоа власт. Со таа разлика што во оној смрзнувачки предизборен декември полицијата ги чуваше владините портите, небаре ја варди Троја од Ахајците, а вчера тие беа ширум отворени.

Не дојде Скопје

Неблагодарно е да се споредува кој било политички собир со оној од 17 мај 2015 година, зашто тогаш на „Илиденска“ се истури целото десетгодишно незадоволство од владеењето на Никола Груeвски и затоа сличноста со вчерашниот митинг завршува кај локацијата, а она што вчера се случи многу повеќе наликуваше на чист партиски митинг.

Се чини дека главната разлика помеѓу 17 мај и 8 октомври е во тоа што вчера пред Владата ги немаше оние по малку цинични и недоверливи скопјани, оние коишто обично не одат на митинзи и не сакаат партии, поготово кога тие се на власт, луѓето што на Фејсбук и на Твитер вчера повторно се згрозуваа од сликите на меѓуградски автобуси и на активисти со сендвичи.

Се појавија партиските симпатизери од Скопје со маички и со транспаренти за Саша Богдановиќ и за Стефан Богоев. На оние скептични скопјани кои секако нема да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и за Коце Трајановски, а можеби ќе штиклираат за Петре Шилегов за „конечен пораз на режимот на ВМРО“, СДСМ им се обрати преку два нови спота.

Во првиот спот имаше пејзажи од Скопје без барокни мотиви, кои режисерот хируршки прецизно ги избегнал, додека во второто видео токму на овие скопјани им намигна и потоа им се обрати познатиот модел Катарина Ивановска, снимана по улиците и по влезовите на Дебар маало.

Веројатно овие луѓе на 17 мај ги пополнуваа дупките во масата кои вчера беа очигледни на потегот од раскрсницата кај Влада до мостот „Гоце Делчев“, а наместо досетливи транспаренти против Груевски и неговите соработници, вчера луѓето пред Влада носеа главно знамиња и партиски обележја.

Затоа, пак, партиските поддржувачи на СДСМ и на коалициските партнери беа дојдени од сите точки на државава и тоа беше јасно по автобускиот кордон на „Партизанска“ и кај Олимпискиот базен, како и по сообраќајниот метеж необичен за едно неделно попладне во Скопје.

Таму беа делчевчани со темносини капи на кои се бара поддршка за нивниот кандидат Горан Трајковски, а најголемиот транспарент го носеа симпатизерите на СДСМ од малата општина Маврово и Ростуше. Нешто поголем од оној со којшто дојдоа од Стајковци.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top