Анкета од МЦМС на Клековски: ВМРО-ДПМНЕ со стабилна предност пред СДСМ

Поврзани вести

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ e со стабилна предност пред СДСМ.

На крајот на месец јули оваа година ,Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) на политичкиот аналитичар Сашо Клековки, кој што прави анкети на редовна основа за потребите на Телма Телевизија, спроведе теренска анкета на 1.000 испитаници со која беше мерено расположението на граѓаните во однос на рејтингот на политичките партии.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ e со стабилна предност пред СДСМ. Имено, на прашањето Доколку утре се одржат избори за која партија би гласале, 27.1 отсто од испитаниците се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 22.7 отсто. ДУИ има најголем рејтинг кај албанскиот блок од 7,7%, а потоа следат БЕСА и Алијанса за Албанците со идентичен рејтинг од 1,3%.

Со „не знам“ одговориле 16.6%, „ниту една“ 7.1%, а „не сакам да кажам“ 13.3%.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top