Археолозите го пронашле гробот на Св. Николај Чудотворец

Поврзани вести

Митовите, легендите и историјата можат да го збунат човекот, а ова е случај и со Дедо Мраз. Белобрадестата икона облечена во црвено се поврзува со христијанскиот светец од 4 век, св. Никола, кој служел како архиепископ на Мира, денешна Турција. Свештеникот-заштитник на трговци, крадци, морнари, стрелци и ловци, меѓу другите. Се смета дека св. Никола бил многу дарежлив, а легенда од 10 век вели дека некој човек го видел како му дава мираз на сиромашно семејство. Неговата приказна патувала на север и била комбинирана со локалниот фолклор. Оттогаш, времето и маркетингот ја зацврстиле сликата за св.Никола што ја познаваме денес.

Но бидејќи тој останува светец, и неговите мошти ги сакаат сите, неколку заедници веќе подолго време спорат за тоа кој ги има неговите мошти. Можеби и сите ги имаат, но неодамнешно откритие во Турција создава збунетост во целата работа.

Се смета дека св. Никола бил погребан во Мира, а се тврди и дека во 1087 година некои трговци ги украле неговите коски откако земјотрес го оштетил неговиот гроб. Наводно коските биле однесени во базиликата во Бари, Италија. Таму секоја година на 9 мај верниците се собираат за да прослават чудо – испуштање парфимирано миро од неговите коски. Но Венеција тврди дека има вакви слични коски, а научните истражувања покажале дека коските од двата италијански града доаѓаат од истите останки. Всушност, црквите низ целиот свет – Германија, Бугарија, Русија, па дури и Канада и Америка, тврдат дека поседуваат делови од останките.

Во 2013 година Мировниот совет од Турција испратил писмо до папата Франциск барајќи да врати барем дел од коските на светецот во неговата родна земја. Но новото откритие укажува дека археолозите пронашле остатоци од црква на место каде што мислат дека се наоѓа и гробот на св. Никола. Една теорија укажува дека црквата го преживеала земјотресот и дека украдените коски му припаѓаат на друг свештеник од регионот.

Чемил Карабајрам, шеф на Управата за споменици во Анталија, спровел дигитално истражување под површината на црквата и се сретнал со она што изгледа како недопрено светилиште. „Веруваме дека ова светилиште воопшто не е оштетено, но е тешко да се стигне до него бидејќи има мозаици на подот“, вели тој. Стигнувањето до гробот ќе потрае бидејќи мозаиците треба внимателно да се преместат.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top