Атлетико избори бод со играч помалку

Поврзани вести

Екипата на Атлетико Мадрид успеа да освои бод на гостувањето кај новиот прволигаш Џирона иако губеше со 2:0 на полувреме, а остана и со фудбалер помалку по исклучувањето на Антоан Гризман во 67. минута.

Нерешено заврши и дуелот во Севиља, додека Сосиедад го освои целиот плен на гостувањето кај Селта.

Резултати на трите саботни дуели од 1.коло во Шпанското фудбалско првенство:
Селта Виго – Сосиедад 2:3,
Џирона – Атлетико Мадрид 2:2 и
Севиља – Еспањол 1:1.

Претходно:
Леганес – Алавес 1:0,
Валенсија – Лас Палмас 1:0.

Три средби ќе се играат и денес:
Атлетик Билбао – Хетафе,
Барселона – Бетис и
Реал Мадрид – Депортиво Ла Коруња.

Колото ќе биде комплетирано в понеделник со дуелите Леванте – Виљареал и Малага – Еибар.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top