Барди се одлучи за Леванте

Поврзани вести

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во новата сезона ќе го носи дресот на Леванте, потврди денеска шпанскиот клуб.

Барди договори тригодишна соработка со клубот од Валенсија, со можност договорот да биде продолжен на уште две години.

Македонскиот фудбалер одигра одлична сезона за унгарски Ујпешт, а беше еден од најзаслужните за пласманот на Македонија на Европското првенство за играчи до 21 година во Полска. На еврошампионатот во јуни Барди исто така беше меѓу најдобрите во „црвено-жолтиот“ состав.

За Барди беа заинтересирани и екипите на Борусија Дортмунд, Штутгарт, Динамо Загреб ни Видеотон, но тој се одлучи да ги прифати условите што му ги понуди Леванте кои се уште не се објавени.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top