Бегство како ова нема ни на филм: Сопругот се врати порано дома, па швалерот мораше да спасува живот (ВИДЕО)

Поврзани вести

Сцената која ќе ја видите подолу, доаѓа од градот Сао Паоло во Бразил, а на неа е прикажано филмското бегство на еден швалер, кој бил фатен на дело од страна на сопругот на неговата љубовница.

На почетокот на видеото може да се види како брачната двојка жестоко се расправа на балконот, а очигледно е дека хаосот привлекол многу случајни минувачи кои застанале да снимаат со своите мобилни телефони.

Неколку моменти подоцна, на сцена стапи и љубовникот, кој со помош на чаршави излезе низ прозорецот и успеа да побегне од станот. Смешно е тоа што иако на себе носи само гаќи, швалерот изнајде храброст кон изневерениот сопруг да упати неколку „победнички“ гестикулации. Сигурни сме дека не би бил толку храбар доколку му паднеше во раце на гневниот маж.

Во продолжение, погледнете го видеото:

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top