„Чагатај кабло“: Во јули ќе почнеме со градба, на почетокот од 2018-та започнуваме со работа

Поврзани вести

Турски „Чагатај Кабло“ инвестира во Македонија. Станува збор за инвестиција која ќе се простира на 6 илјади и 700 метри квадратни, а истата компанија во Турција има фабрика од 14 илјади метри квадратни, сега во Македонија ќе започне градба од 6.700 метри квадратни. Ќе инвестира 6 милиони евра и ќе вработи 200 луѓе во прва фаза.

-Ние одлучивме во почетокот на декември да инвестираме тука и вчера потпишавме договор. На 26 илјади метри квадратни парцела, ние планираме во јули да почнеме со градба, ние планиравме 4.000 метри квадратни објект прво да инвестираме, после тоа одлучивме на 6.700 метри квадратни за старт, во првата фаза. Со проектот сме при крај и во јули почнуваме со градба, планираме до крајот на годината, до декември завршиме со градбата. После тоа нашите вработени што ќе бидат тука, ќе дојдат во Турција на обука, исто така и од Турција ќе дојдат тука за да даваат обука на вработените. Во почетокот на 2018 планираме да почнеме со работа, изјавија денеска од турската компанија.

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо денеска изјави дека она што се направи беше релативно брзо, каде што тие помогнале да се реализира инвестиција, бидејќи потребите на Ван Хул беа да се започне производство на компанијата Чагатај локално, на почетокот на идната година, наместо да се носат компоненти од Турција.

-Што значи дека ја зголемуваме додадената вредност која се креира во Македонија, правиме субституција на увозот, бидејќи на локално ниво се креира таа вредност. Дополнително освен Ван Хул, со компанијата Чагатај ќе имаме можности и нивни други клиенти, да го лоцираат свеото производство овде во Македонија за европскиот пазар. Ван Хул многу ни помогна не само за Чагатај и друга компанија, германската компанија Кил во Желино. Гледаме дека имаме компанија заради која нивни добавувачи директно доаѓаат во Македонија и ова значи дека се мултиплицира ефектот од странските инвеститори, рече Мизо.

Тој додаде дека паралелно со нивната градба, изградба на дополнителната инфраструктура која е потребна, уште еден пристапен пат, кој до крајот на годината ќе биде пристапен за да може од некаде месец јануари да се започне со работа, овде во зоната.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ; Никола Груевски, вчера истакна дека компанијата е фокусирана на автомобилската индустрија и ќе произведуваат кабли и други електрични инсталации кои што се дел од автомобилската индустрија, индустријата за производство на автобуси, како и возила во градежниот сектор и механизација.

-Најголем добавувач ќе им биде белгиската компанија „Ван Хол“, која што ја привлековме од Белгија да дојде во Македонија и да отвори фабрика, така да сега самата компанија е магнет за други компании како што е Чагатај Кабло, која што почнува со градба за еден ипол месец од сега и ќе обезбеди најмалку 200 директни вработувања во првата фаза, рече Груевски.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top