Чавков: Нема ништо дискутабилно во тоа каде сум се наоѓал кога се случи упадот во Собранието

Поврзани вести

Не е точна констатацијата дека колегите од оперативниот штаб, не делувале на 27 април. Немаше ниту една информација нити најава за нарушување на јавниот ред и мир на тој ден, бидејќи сите 60 протести на Заедничка Македонија, до тогаш, поминаа без инциденти, вели поранешниот министер за внатрешни работи и екс директор на БЈБ, Митко Чавков, во интервју за ТВ Нова.

Чавков вели дека нема ништо дискутабилно во тоа каде се наоѓал според триангулацијата на базните станици, и за ТВ Нова појаснува дека цело време комуницирал со клучните луѓе, одговорни за воспоставување на контрола над ситуацијата во Собранието.

„Не е точна констатацијата дека колегите од оперативниот штаб, не делувале. Фактот е еден, немало ниту една информација, ниту една најава за нарушување на јавен ред и мир, на клучниот ден, 27. април. Практично реториката на протестантите е иста како и на претходните протести, околу 61 протест претходно имаме“, рече Чавков.

Чавков појаснува дека дел од медиумите манипулираат со јавноста со пласирање на информации за неговата локација во моментот на упадот во Собранието, иако такви информации, можат да се добијат само со наредба од јавен обвинител.

Покрај тоа, екс директорот на БЈБ вели дека добивал заканувачки пораки по неговиот живот, како и пораки од дел од новото парламентарно мнозинство, дека тој ќе биде првиот човек од ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде уапсен по поставувањето на новиот јавен обвинител.

„Целите коинцидираат, не со информации, со докази, дека и пратеници од парламентарното мнозинство и криминални групи коишто гравитираат, веќе извесен период манипулираат во јавноста и испраќаат заканувачки пораки до Митко Чавков, дека тој ќе биде првиот од ВМРО-ДПМНЕ што ќе биде уапсен од новата влада со поставувањето на новиот јавен обвинител. Покрај таквите пораки, имам и заканувачки пораки за животот. Меѓутоа, морам да кажам дека ниту едната порака, ниту другата порака не ме загрижува. Апсењето воопшто не ме загрижува затоа што нема да ме замолчат. Правдата и вистината и совеста е на моја страна“, изјави Чавков.

Во интервјуто, Чавков се осврна и на работата на новото раководство на МВР, за кое оцени дека го партизира министерството и ја кочи работата на полицијата. Дополнително, со кратењето на буџетот на МВР, тврди Чавков, ќе страдаат и проектите за реформи на полицијата, која во последните две и пол години, и покрај длабоката политичка криза, има иницирано неколку клучни проекти за функционални реформи и во МВР и во БЈБ.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top