Червар и Хрватите џабе се надеваа: Жерард се огласи пред клучниот меч, му аплаудира цела Франција

Поврзани вести

Утре се игра еден од најинтересните натпревари во главнаа фаза на Европското првнество (ЕП) во Хрватска. Домашните раометари предводени од Лино Червар ќе се сретнат со Франција и ќе бркаат победа за пласман во полуфиналето.

Еден од адутите на „триколорите“ на турнирот е голманот Винсент Жерард, кој е еден од подобрите поединци во својата репрезентација. Сепак, на последниот настап тој се пожали на повреда на прстот, која вели дека нема да го спречи за да се појави на голот против „коцкестите“.

„Десничар сум, па раката и не ми е така важна. Ако треба ќе бранам со една рака, но ќе се појавам против Хрватска. Ќе го чекаме резултатот од дуелот Шведска и Норвешка, но верувам дека ние ќе одиме на победа. Не сакаме да влеземе во полуфинале со пораз“ , вели низ смеа францускиот голман.

Досега, Жерард има 41% успешност на гол-линијата, односно во превод сопрел 51 од вкупно 124 удари упатени кон неговиот гол.

гол.мк

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top