ДА СЕ НАЕЖИШ: Млада манекенка (26) пронајдена со пресечен грклан, по 2 месеци на нејзината тетка и заѕвонел телефонот

Поврзани вести

Тетката на манекенката од Њујорк, која пред два месеци била пронајдена мртва покрај пат во Јамајка, тврди дека примила два телефонски повици со бројот на својата внука овој викенд.

26-годишната Десире Гибон, модел од Њујорк, била пронајдена со пресечен врат на Јамајка.

Пеги Брунер рекла дека подготвувала вечера кога заѕвонил телефонот, а на екранот се појавило името “Деси”, како што ја нарекувала својата внука.

Се јавила, но на другата страна немало никој.

Шест часа подоцна, телефонот повторно заѕвонил, но успеала да се јави. Се јавила на бројот, и слушнала гласовна порака дека бројот е исклучен.

Манекенката немала телефон со себе кога била пронајдена. И натаму не е познато што се случило таа вечер, иако се укажува на убиство.

“Се наежив од глава до пети”, рекла нејзината тетка, која ги добила мистериозните повици.

Гибон последен пат била видена три вечери пред да биде пронајдено нејзиното тело, на камерите од хотелот каде престојувала. Било забележано како се враќа во хотелот, каде во својата соба се задржала пет минути, за повторно да излезе.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top