Да се врати или не?!

Поврзани вести

……опозицијата во Собранието, е прашањето кое ги мачи членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ овие денови.

Никој не е рамнодушен кон начинот на кој беше избран Талат Џафери за Претседател на Собранието на 27 април, или пак начинот на кој дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ беа притворени надвор од секоја законска процедура и обвинети за тероризам за настаните од тој 27 април. Оправдан е сомнежот дека можеби со овој чин ќе се легитимира нелегитимниот Талат, оправдано е чувството за сочувсто кон пратениците кои се сé уште во притвор, оправдани се дилемите дали се искрени намерите на Власта или само сака да се прикаже како доволно способна да го реши проблемот со опозицијата на еден конструктивен начин и со тоа да ја надмине политичката криза која предолго трае.

Премногу дилеми и трилеми, а малку одговори.

Но, разумот над емоциите, затоа што нема емоции во политиката и нема компромис кога станува збор за интересот на Македонија и доброто на граѓаните. Како што кажа и Мицкоски на вчерашното гостување кај ЧОМ некој треба и државнички да се однесува, а ВМРО ДПМНЕ секогаш е авангарда во промените на политичката сцена. Секогаш и без исклучок на прво место треба да бидат граѓаните и општото добро, јавноста треба да знае за аргументите кои се за и против носењето на некој закон, власта не смее да се чувствува комотна дека ќе им проаѓаат законите на еден шверцерски начин без притоа да имаат и најмал отпор од другата страна. Токму тоа е и улогата на една опозиција во една парламентарна демократија како што милуваме да кажеме дека имаме во Македонија – опозицијата да биде коректив на власта.

Во нецела година од владеењето на СДСМ, во државава имаме низа скандали, економијата тоне, политичката криза е продлабочена, етнички сме поларизирани можеби најмногу после конфликтот од 2001, па така наместо помирување, соживот и подобар живот кој им беше ветен на граѓаните, ние сме дијаметрално спротивно од сето тоа. Токму затоа со најавенато барање за интерпелација на Владата, пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе имаат лесна задача аргументирано да изложат зошто оваа Влада нема кредибилитет и зошто треба да си замине и на тој начин да се вратат во Собранието на голема врата.

М-р Мартина Антиќ

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top