Дарко Костовски убедлив на дуелот против Смилевски

Поврзани вести

Додека Дарко Костовски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Бутел со факти и со промоција на своите проекти говореше во денешната дебата на Канал 5 Телевизија, неговиот против кандидат својата безидејност пробуваше да ја покрие со користење на вулгарни зборови и навреди кон противкандидатот.

Имено, на прашањето на Костовски дали има став околу поставувањето на крстот во општина Бутел, Смилевски неколку пати говореше дека нема став, за потоа да признае дека има став одговарајќи дека во овој момент е против, при тоа користејќи вулгарни зборови.

-Не би сакал куче, маче или некое друго животно да го моча тој крст, не може да биде крст поставен за да може секој да го допира, изјави Смилевски.

Во текот на дебатата додека Костовски тврдеше дека Смилевски не ги знаел проблемите на Бутел, бидејќи едноставно не ги живее таму, што на стартот на емисијата беше потврдено и од самиот Смилевски, кој кажа дека преку зима живее надвор од Бутел, а во текот на летото период помина на трето место. Тој како контра реплика во еден дел од емисијата, во недостаток на факти и промоција на реални проекти кажа дека Дарко Костовски бил само глумец.

-Јас и ден денеска живеам во Бутел, живеам зимно време и во друга друга општина, летно време и викендувам во трета општина, призна Велимир Смилевски.

Костовски му посочи дека тој веќе 10 години не живее во Бутел.

-Емисијата се вика „Само вистина“ и се надевав дека ќе ја говорите само вистината, меѓутоа го прекршивте тоа правило на самиот почеток. Не значи дека ако имате адреса на живеење и живеете во Бутел. Ова е груба лага и луѓето од Бутел 2, каде што би требало да живеете, каде што се води вашата адреса најдобро ќе ја проценат и се надевам дека тоа соодветно и ќе го казнат. Вие не живеете во Бутел повеќе од 10 години и најдобро тоа вие го знаете. Вашата куќа е продадена во Бутел, а вие сте останати таму со адреса, му посочи Костовски на Смилевски.

Активисти на СДСМ веднаш после првиот круг од локалните избори пукаа со огнено оружје. СДСМ донесе неред и немир по улиците на Бутел, истакна кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, кој гостуваше во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

-26 години се нема случено во општина Бутел со огнено оружје некој да пука после некаков изборен резултат. За што се борите, за ваков живот во Бутел се борите, запраша Костовски и додаде дека инцидентот се случи пред изборниот штаб на СДСМ во Расадник на улица Бутелска.

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од СДСМ Велимир Смилевски, во недостаток на аргументи и бранејќи се истакна дека тој не е информиран за овој настан.

-Ние имаме во Бутел 2.000 членови и не може секој член да се следи, рече Смилевски.

-Секоја чест за информираноста, и за вашите членови, додаде Костовски.

Инаку, овој инцидент не беше осуден до сега од страна на партијата СДСМ.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top