Десетте Божји заповеди

Поврзани вести

Десетте Божји заповеди (или како уште се нарекуваат ,,Декалогот’’) се запишани во Стариот Завет, во книгата наречена ,,Излез’’ односно ,,Втора Мојсеева’’ која датира од 15тиот век пред Христа.

Десетте заповеди им беа дадени на Израелците непосредно после Егзодусот, односно Излезот, од Египет под водството на Мојсеј. Заповедите имаа улога да бидат основен регулатор на општествениот живот. Декалогот е основа на модерната цивилизација. Неговите заповеди и принципи се содржани во голем дел од декларациите за човекови права, во уставите и законите на речиси сите држави низ светот.

Сепак, веројатно е дека многумина од нас не ги знаат Десетте Божји заповеди. Тоа е поразителен факт со оглед на тоа дека Божјите заповеди се основата на христијанската вера.

,,Тогаш Господ Бог ги кажа сите овие зборови кон Мојсеја, велејќи:

1. Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата Египетска, од домот на ропството. Немој да имаш други богови освен Мене!

2. Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнуваа децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат; Кој покажува милост на илјадници, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои.

3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог, бидејќи Господ нема да го остави неказнет оној, кој напразно ќе го изговори името Негово.

4. Помни го денот саботен, за да го празнуваш. Шест дена работи, и сврши ги во нив сите работи свои; а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе оти за шест дена ги создаде Господ небото и замјата, морето и се’ што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети.

5. Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да ти биде добро и да поживааш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог.

6. Не убивај!

7. Не врши прељуба!

8. Не кради!

9. Не сведочи лажно против својот ближен!

10. Не пожелувај ја жената на ближниот свој, не пожелувај го домот на ближниот свој, ниту нивата негова, ни слугата негов, ни слугинката негова, ни волот негов, ни ослето негово, ни секаков добиток, ниту нешто друго, кое е на ближниот твој!”

А сега кога ги знаеме, благословени ќе бидеме ако ги исполнуваме.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top