Драган Бјелогрлиќ: Балканот е многу поинтересен од Европа

Поврзани вести

Политика, корупција, љубов, сето тоа на Балканот во периодот пред првата светска војна, сместено во новата играната серија „Сенки над Балканот“ која е работена во манирот на светските тв серии. Креатор на серијата е Драган Бјелогрлиќ а една од главните женски улоги ги игра Марија Бергман, а од машките Горан Богдан. Пилот филм, поточно две епизоди од серијата ќе бидат прикажани вечерва на затворањето на фестивалот „Киненова“ а за идејниот концепт и нивните улоги зборуваат во интервјуто за „Макфакс“.

Во големата интернационална копродукција учествува и Македонија, поточно „Скопје филм студио“ на Томи Салковски а играат и повеќе македонски актери меѓу кои Петар Арсовски и Јана Стојановска а една од 11-те епизоди е во режија на Игор Иванов Изи. Серијата ќе почне со тв прикажување на крајот од месецов.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top