ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ НЕ СИ ГИ ПОЗНАВА НАДЛЕЖНОСТИТЕ И НОСИ ОДЛУКИ ПО НАРАЧКА НА ЗАЕВ

Поврзани вести

Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе скандалозна одлука да ги запре решенијата на општините со кои е одлучено да организираат референдум за доселување на мигрантите со небулозно образложение дека се сомнева во законитоста на решенијата, и дека токму од таа причина ќе поведе постапка пред Уставниот суд за оценка на нивната законитост.

 

Очигледно Државниот инспекторат не ја познава својата надлежност и материјата на која работи, ниту надлежноста на Уставниот суд на РМ поради што презема скандалозни чекори и ја блокира волјата на граѓаните со донесување на незаконски акти и делувања. Евидентно е дека Државниот инспекторат го нема прочитано Деловникот на Уставниот суд за да се поучи дека единствен орган во РМ кој има право да одлучува за незаконитоста на пропис и друг општ акт во време на нивното важење е Уставниот суд, и ниту еден друг орган, па оттаму ниту Државниот инспекторат.

Инспекторатот на локалната самоуправа нема право да ги запре решенијата на општините само затоа што се сомнева во нивната законитост. Тоа не е негова надлежност, ниту право да навлегува во работи за кои единствено може да одлучи Уставниот суд на РМ.

Уставниот суд има право да го запре извршувањето и на поединечните акти или дејствија донесени врз основа на закон, пропис или друг општ акт чија уставност, односно уставност и законитост ја оценува.

Претходно Како што информира Државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу, причина за ваквата одлука била, како што кажа, членот 22 од Законот за локална самоуправа според кој никаде не е наведено дека општините имаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа.

 

До крајот на годината се претпоставува дека во земјата ќе пристигнат 3.500 емигранти, додека следната година прогнозата е дека нивниот број ќе биде од 5.000 до 7.000. Владата на Заев излезе со стратегија за трајно населување на мигранти во Македонија кои ќе добијат работно место и стан од државата во услови кога македонската економија се движи во надолна линија заради политиката на новата Влада а започна да расте и невработеноста.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top