Двајца повредени во експлозија во Бања Лука

Поврзани вести

Две лица беа повредени во серијатата експлозии во Бања Лука во Република Српска. Експлозиите се случија во 10:30 часот кога експлодирал автомобил „Мерцедес“.

Според неофицијални информации, изгорени се три автомобили. Повреден е човек кој, за време на експлозијата, се обидувал да го извади автомобилот од паркингот, како и лице што седело во блиското кафуле.

Постојат сознанија дека експлозивната направа била ставена под автомобил на професор по физичко образование, против учениците го обвинуваат за педофилија.

Скршени се сите прозорци на првиот кат на блиската зграда. Пожарот е изгаснат, а на местото на настанот присутни се пожарникари и Брзата помош, како и министерот за внатрешни работи, Драган Лукаќ, и полицискиот директор на Република Српска, Дарко Чулум.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top