Дванаесет сообраќајки вчера во Скопје

Поврзани вести

Возач на патничко моторно возило бил потешко повреден во една од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки полесно се повредени шест лица, а во шест незгоди била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, петмина поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за непрописно престигнување. Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и 14 лица пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Затекнати биле 83 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 81 возило.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција ќе одржи едукативна работилница со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево, општина Гази Баба.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top