Единаесет дена молк за убиството на Мартин Јанушев, молчи полицијата, медиумите и невладините организации

Поврзани вести

Веќе 11 дена Полицијата молчи за убиството на дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев кој во петокот вечерта на 03 11 2017 година со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром.

Иако досега повеќе лица биле повикани на распит во полициска станица, и полицијата прибирала докази за две лица – убиецот и лице кое му помагало во извршувањето на убиството, исто така беше соопштено и дека постојат информации и за трето лице, кое се посочува како нарачател на убиството, а според сознанијата, се наоѓа во Белград, Србија расчистување на убиството на Јанушев се уште нема.

Убиениот Мартин Јанушев е роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври.  Неговиот брат е командир на вод во полициската единица „Алфа“, а неговиот татко е пензиониран полициски командир.

Целата јавност, целиот град, половина час после убиството веќе зборуваше кој е убиецот. Целата јавност веќе се сомнева дека блиските релации на инволвираните криминалци со највисоките функционери на власта имаат свој дел во ова.

Нема одговори за суштинските прашања зошто убиецот 11 дена после ликвидацијата не е уапсен? Дали е во земјава или избегал надвор? Како избегал и кој му помогнал?

Молчат и медиумите и невладините организации.

 

 

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top