ФОТО: Дали е ова јавната обвинителка Фатиме Фетаи фотографирана во казино?

Поврзани вести

Низ социјалните мрежи кружи фотографија на која дел од корисниците тврдат дека се наоѓа специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи.

Фотографијата е направена во казино кое се наоѓа во близина на Специјалното јавно обвинителство, но не може со сигурност да се тврди дека станува збор за Фетаи. Дали госпоѓата со црна коса е обвинителката Фетаи, или пак друга жена која неверојатно наликува на неа, проценете сами.

Настрана од ова, дел од медиумите веќе го коментираа однесувањето токму на Фетаи во јавноста,  кое беше оценето како недолично, бидејќи обвинителката беше „фатена“ на ноќни пијанки, а таквото однесување во секоја правна држава може да биде основ за нејзино разрешување, доколку советот на јавни обвинители одлучи да покрене постапка.

-Имено специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, спротивно на етичкиот кодекс на јавните обвинители и Законот за јавно обвинителство непристојно и недостојно се однесува на јавни места. Имено Фетаи решила огромната плата која ја добива од граѓаните да ја троши на луди пијанки низ скопските кафулиња однесувајќи се како што не му доликува на еден Јавен обвинител.
Медиумите објавија фотографии од кои се гледа како Фетаи ги троши парите на граѓаните, прекршувајќи го законот и кодексот на однесување кое треба да го има еден Јавен обвинител, што е основ за нејзино разрешување, пишуваа медиумите.

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top