Франција очекува брзо формирање влада

Поврзани вести

Франција ја поздравува одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев, претседател на СДСМ, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

– Ова е важна можност за земјата да излезе од политичката криза. Се надеваме дека новата влада ќе биде наскоро формирана. Франција ги повикува сите политички сили застапени во Собранието да воспостават конструктивен дијалог во рамките на институциите, така што идните власти за скоро време ќе почнат со спроведување на итните реформи неопходни за трајна стабилизација на земјата и напредок на патот кон евроинтеграцијата, се наведува во соопштението од француското Министерство за надворешни работи.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top