Германците провоцираат: На Лазаров му се потат рацете, тој не може да се справи со Лемке

Поврзани вести

Германците за денешниот дуел со Македонија го вратија во составот двометрашот Фин Лемке и веднаш се обидоа да го испровоцираат македонскиот капитен, Кирил Лазаров.

Дефанзивецот Лемке доцна синоќа од Канарските Острови слетал во Загреб со главна задача да го сопре Лазаров на денешниот дуел против Македонија во последното коло од групната фаза на ЕП во Хрватска.

Германскиот двометраш пред почетокот на ЕП беше отпишан од селекторот Кристијан Прокоп, и замина на подготовки со својот клуб во Фуертенвентура. Но, по „црниот бод“ против Словенија, Прокоп ја сменил одлуката и како што објавија германските медиуми, на полноќ му се јавил на Лемке да се пакува и да доаѓа во Загреб за да го замени неискусниот Бастијан Рошек.

Враќањето на 2.10 метри високиот дефанзивец на свој начин го порокоментираа и дел од германските репрезентативци, а најпровокативна е изјавата на Домин Клајн, соиграчот на Кире Лазаров во Нант.

– На Кирил Лазаров сигурно веќе му се потат рацете пред дуелот. Тој не може да се справи со Фин Лемке, тоа е играч што не му се допаѓа многу, прокоментира Доминик Клајн.

(извор – Екипа)

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top