Го погодил гром додека држл говор на свадбата на ќерка му

Поврзани вести

Канаѓанецот Џеј. Пи. Наду го удрило гром додека држел говор на свадбата на неговата ќерка.

– Само што му реков на мојот зет: „Ти се среќник“ – бум!“, ја започна неговата необична приказна Наду.

Освен белег на палецот, тој немал поголеми повреди, па свадбата продолжила.

Тој додаде дека неговата ќерка видела како громот удира во земјата, недалеку од него.

– Јас го држев микрофонот кога громот удри во звучникот и мојата рака наеднаш „светна“, видов искри. Изгледаше како да го држам громот во раце, беше неверојатно, рече тој.

Сите присутни биле изненадени во моментот, но свадбата продолжи.

– Беше убава свадба, но на момент изгледаше застрашувачки, раскажа неговата сопруга Меги Томас.

Наду додаде и дека во животот имал многу „среќи во несреќа“. Во 2015 година додека работел на еден крузер, избил пожар, па животот тогаш му го спасиле воздухопловните сили.

– Имав многу блиски средби со смртта, но смртта и понатаму ме игнорира, вели тој.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top