Гори зградата на Општина Куманово

Поврзани вести

Пожар избувна вечерва околу 18 часот во старата зграда на општината Куманово, јавува Куманово Њуз.

Како што пишува порталот пожарот избувнал во кујната на еден од рестораните што се наоѓа на приземјето на објектот, по што се запалил оџакот и го зафатил кровот на зградата.

Но, според неофицијални информации, има сомневање дека можно е да е запален и делот  од општината каде што се наоѓа финансискиот центар. Се поставува прашањето, дали ова е обиде да се прикрие финансиското работење на општина Куманово?

На терен се екипи на противпожарната единица, кои го гаснат пожарот, како и екипи на Брза помош

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top