Граѓанско движење против осиромашување: Нема да дозволиме преку покачување на даноци да се осиромашат граѓаните

Поврзани вести

Граѓанското движење против осиромашување, денеска потсети дека имаат 3 конкретни барања до владата.

-Првото барање е, владата безусловно и јавно да се откаже од планот за било какво зголемување на даноците, бидејќи зголемувањето на даноците ќе влијае на зголемување на трошоците за живот и за осиромашување на компаниите и граѓаните. Второ, бараме намалување на даноците и трошоците за придонеси од 27 на 25 посто. Трето, владата да се откаже од непродуктивни трошоци како на пример, од зголемени средства за привремени вработувања, храна, репрезентации, за сметка на зголемување на капитални инвестиции, градба на патишта, училишта, градинки, поддршка на стопанството, истакна денеска Жарко Здравковски, член на Движењето.

Од владата има молк по однос на овие наши граѓански барања, очигледно дека зголемувањето на даноците е нивна единствена опција за која работат, соопштија од Движењето и упатија апел до Владата.

-Упатуваме апел и ултиматум како граѓанско движење, владата да се произнесе во рок од 24 часа, во спротивно ќе пристапиме кон различни мерки и опции за граѓански отпор и протест за кој дополнително ќе одлучиме. Нема да дозволиме преку покачување на даноци да се осиромашат граѓаните.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top