Груевски е крив

Поврзани вести

Помина гласањето на доверба на Владата, од критиките на опозицијата и аргументите во одбраната на власта сфативме само едно, дека Груевски и ВМРО ДПМНЕ се криви за се,  па дури и за некадарноста на владините функционери.

Министерот за информатичко општество на гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на секое прашање на кое немаше одговор аргументираше со тезите дека е виновна претходната власт, па дури и за луѓето кои биле отпуштени од работа со непродолжување на авторските договори.

Изгледа функционерите на СДСМ забораваат или пак не знаат дека кај народот повеќе не палат празните флоскули со обвинувања за претходнита гарнитура, туку дека сакаат реални решенија за нивните проблеми со кои ќе се подобри квалитетот на нивнот живот, а токму животот беше предизборно ветување на СДСМ. Не може неработењето и  безидејноста да бидат оправдани со лошото владеење на претходната власт, напротив требна да бидат мотив плус да се среди хаосот и пустошот кој што како што милуваат да кажат го остави ВМРО ДПМНЕ зад себе.

Не е мал периодот од 10 месеци за да внесеш реални подобрувања во одредени области, да реализираш некаков макар и најмал проект. Како за потсетување Владата на Груевски по преземањето на Власта во 2006 година само во 100 дена Влада имаа реализирано повеќе отколку што има СДСМ реализирано во првите 10 месеци, а како што е трендот многу веројатно и до крај на мандатот (намалување на ДДВ-то на земјоделски производи од 18 на 5 проценти, воведен рамен данок, регулаторна гилотина, изградба на фабриката Џонсон Контролс во Бунарџик, повисоки субвенции за земјоделците, распишан тендер за трет мобилен оператор, пролонгирање на рокот за денационализација, активносто за отворање на новиот Универзитет Гоце Делчев во Штип, итн).

Еднаш за секогаш политичарите во Република Македонија треба научат дека колку и да било лошо владеењето на претходната гарнитура тоа никако не може да биде изговор за неиспорачани резултати и неисполнети ветувања.

Време е старо новата власт да ги засука ракавите и да почне да работи, затоа што времето поминува, проблемите во секој ресор само се наталожуваат, а граѓаните во Република Македонија само осиромашуваат. Доколку се сериозни во намерата нашата земја да стане дел од големото ЕУ семејство тогаш решението за името не е единствениот услов кој треба да го исполниме на тој пат, туку е потребна работа во сите поглавја од претпристапните преговори. Потребни ни се нови инвестиции, нова патна инфраструктура  и подобрување на животниот стандард.

М-р Мартина Антиќ

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top