Груевски од Штип: За 11 години се вработиле 10 000 луѓе, тоа е нашиот придонес за овој град, наместо нивните празни зборови и лажни ветувања, одбери ги нашите многу конкретни, многу прецизни проекти и ветувања кои знаеш дека ќе се остварат.

Поврзани вести

Новата ера, носи два ипол пати повисок приход по жител, односно од 5 на 12 илјади долари“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вчерашниот митинг кој се одржа вчера во Штип.

-Новата ера ќе донесе нови 150.000 нови работни места, сиромаштија помала за 3/4, најниски даноци, двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом, зголемени плати, пензии и субвенции, многу повеќе вложување во екологијата за почиста животна средина – рече Никола Груевски.

Тој додаде дека во општина Штип, во 2006 година беа регистрирани околу 12.000 невработени лица, денес со радост и со гордост истакнува дека има само 2.000 активни баратели на работа. Тоа е нашиот придонес за овој град и за овие луѓе.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека во Клиничката болница во Штип биле набавени најсовремени медицински апарати и опрема во вредност од 5 милиони евра. Додаде дека почната и во длабока фаза е градбата на нова Клиничка болница во вредност од 30 милиони евра.

-Го отворивме универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со што студирањето стана многу подостапно и поевтино за илјадници млади луѓе од овој регион. Во изминатите десет години се запишани околу 30 илјади студенти на овој универзитет. Штип стана универзитетски град, но и силен економски центар. Нагласи дека започната била изградбата на автопатот Скопје – Штип кој е во финална фаза. Автопатот е со шест ленти, во должина од 47 километри, а веќе 80 до 90 отсто е завршен. Тој рече дека од Штип до Скопје ќе се патува за триесетина минути.

„Ставете крај на помрачувањето и да одиме заеднички гордо напред. Да ја развиваме Македонија, да ја модернизираме, да реализираме проекти кои што ќе бидат од ваш интерес, од интерес на Македонија. Секогаш работа, секогаш Македонија“, заврши Никола Груевски.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top