Груевски: Со здружени напори успеавме да дојдеме до ситуација кога Заев беше принуден, ставен во ќош да ги потпише гаранциите

Поврзани вести

Зоран Заев беше принуден да потпише документ и да го прочита пред сите граѓани, каков што никој досега којшто барал мандат од претседателот не потпишал со што се гарантира дека нема во иднина да се наруши унитарноста на државата, што беше и главната цел тоа да се спречи, а исто така важно е да продолжиме да ја следиме ситуацијата за да не дојде до повторно застранување, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Добро е што со здружени напори на граѓаните коишто секојдневно 80 дена протестираа, напори на ВМРО-ДПМНЕ и на нашата пратеничка група, напори на претседателот на државата успеавме да дојдеме до ситуација кога Зоран Заев беше принуден да потпише еден таков документ каков што никој досега којшто барал мандат од претседателот ниту имало потреба, ниту се помислувало да го потпише, имајќи ги предвид неговите ставови, ветувања, се покажа како неопходно. Така што со потпишувањето се гарантира дека нема во иднина да се наруши унитарноста на државата, и тоа е одлично затоа што тоа и беше главната цел да се спречи разградување на унитарноста на РМ, нешто што гледавме од изјавите на самиот Заев и во Сараево и во други негови изјави како и од изјавите на ДУИ и нивните претставници и од претставниците на други партии од албанскиот блок дека беше тргнато во тој правец, рече Груевски запрашан за доделувањето на мандатот на Заев и потпишаните гаранции.

Според него, македонската јавност добро го познава Заев, кој посочува често ги менува ставовите, и затоа нагласи ќе останат будни и доколку тргне кон друг пат различен од оној за којшто вчера даде гаранции и ветувања, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко во склад со демократските можности и ќе се спротивстави, а верувам дека тоа и стие други ќе го направат.

Грувски оцени и дека се што се случуваше во изминатиов период можеше да се избегне ако Заев, иако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, преку разни комбинаторики и разни ветувања за остварување на тиранската платформа, додаде, не ја доведеше земјата и народот во една ваква ситуација немаше многу работи да се случат.

– Немаше потреба од осумдесетдневни протести, немаше да има потреба од незаконско противделовничко и противуставно бирање на претседател во Собранието на РМ. Немаше да се случат односно нема да бидат предизвикани инцидентите што се случија во Собранието. Ќе се избегнаа многу други непријатности доколку тој не прибегнеше кон еден ваков начин, или пак доколку ја прифатеше понудата на ВМРО-ДПМНЕ со која што му се даваше можност да ја формира владата, а притоа да се откаже од спроведување на тиранската платформа. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане будна. Ние имаме план, ние знаеме што правиме, имаме подготвени чекори и во правец на зачувување на унитарноста и следење на овој проект ќе продолжиме со енергични чекори, ќе пордоложиме со динамика на нашите планови коишто чекор по чекор понатаму ќе ги објавуваме, рече Груевски по увидот на новоизградената пречистителна станица во Волково, општина Ѓорче Петров.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top