ХАОС НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ: Драги го нема, студентите едвај добиваат уверенија

Поврзани вести

Студентите од Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’, маки мачат со добивање на уверенија за завршени студии поради хаосот кој зад себе го остави Драги Рашковски, откако стана генерален секретар на Владата.

Имено за да се добие уверение, покрај барањето и уплатените парични средства од 5000 денари, треба да бидат внесени оценките и во системот и компјутерскиот центар кои беа негова одговорност, но тој истрча да ја прифати новата функција, и ги остави и студентите и професорите сами да се снаоѓаат.

 

 

Управата на факултетот и после четири месеци молчи и не се ни труди да го реши проблемот со кој сите се засегнати.

– Овој хаос е негово дело, ако вака е и во владата, тешко на народот- велат студентите, кои одат од врата до врата во факултетот и буквално се молат, за некој да ги сослуша, да им објасни, да им излезе во пресрет за да го добијат тоа за кое уредно си платиле и поднеле барање.

Очигледно на некого не му е грижа тоа што не се сите студенти од Скопје за да можат да доаѓаат секој ден, а има и такви кои школувањето сакале да го продолжат на друг факултет, или надвор од Македонија, но заради ова го одложиле. – Каде, на кој да се жалиме, кога не креваат телефон, не враќаат на пораките и мејловите, со исклучок на некои од професорите, кои грчат раменици и ни се извинуваат за нешто што не е нивна вина – очајно прашуваат студентите.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top